—
Основачи и членови во ученичката компанија
Како основачи на ученичката компанија „Алтер“ се учениците Теодор Богојевски, Филип Петровски, Дамјан Станчевски, Маја Петровска и Ерика Асанова. Секоја учебна година вршиме прием на нови членови кои ќе го продолжат нашиот успешен еколошки проект.
- Нашиот предизвик е да го намалиме или целосно да го отстраниме користењето на пластичните шишиња кои постојано се купуваат од учениците за време на големиот и малиот одмор,
- Да ги едуцираме учениците за штетните влијанија од купувањето на пластични шишиња во однос на загадување на животната средина,
- На овој начин сакаме да ги убедиме нашите соученици да престанат да ги користат пластичните шишиња и да воведат нов здрав начин на живот а тоа е носење на алуминиумски термос,
- Нашиот слоган е "ДАЈ ПЛАСТИЧЕН КОШ, НЕ БИДИ ПОВЕЌЕ ЗА ПРИРОДАТА ЛОШ",
.
- Направивме истражување кај учениците поставувајќи им неколку прашања:
- Добивме одговор дека секој ученик купува просечно 5 шишиња неделно или пресметано во паричен износ тоа се 300 денари месечно (5 шишиња x 4 недели x 15ден. за едно шише),
- Самите ученици кои ги испитувавме пресметаа дека во текот на годината секој ученик троши 3 600 денари годишно за купување на вода во пластични шишиња (300 денари x 12 месеци),
- Пресметавме за сите ученици во нашето училиште и добивме дека во корпите за отпадоци се фрлаат 2 880 000 денари за пластични шишиња со вода (800 ученици x 3 600 денари) или 46 500 евра годишно.
- Најголемиот проблем е фактот дека овие шишиња завршуваат како пластичен отпад кој дополнително ја загадува нашата животна средина.